Лексичка анализа на програмите на двете најголеми политички партии во Македонија

Интересно е да се направи и лексичка анализа на програмите на двете најголеми партии во Македонија. При таква анализа, најлесно е да се почне со големината и диверзитетот на вокабуларот (речникот) на зборови во двете програми.

СДСМ ВМРО-ДПМНЕ
Употребени зборови* 9484 14922
Вкупно зборови 59178 122276
Лексичка густина 16% 12.2%

• Бројот на употребени зборови во еден текст е познат и како лексичка разновидност. Лексичка густина, од друга страна, е колку често во просек зборовите се наоѓаат во текстот. Притоа не се земени во предвид честите зборови во македонскиот јазик (stopwords), а изменетите зборови се нормализирани кон основната форма (луѓе -> човек, мое[. . .]

Страв, несигурност и сомнеж во соопштението на Народна Банка за криптовалутите

Во среда, 28 септември, Народна Банка на Република Македонија се огласи со соопштение кое се однесува на криптовалутите. Со кратко пребарување на гугл може да се заклучи дека ова е прво соопштение на тема криптовалути и се чини дека, како за прв пат, НБРМ не постигна голем успех. Поводот за ова соопштение најверојатно е веста дека лондонската финансиска полиција покрена истрага за валутата OneCoin, за која НБРМ верува дека е доста купувана од македонски државјани. Намерата на НБРМ е добра, и секако, самата информација од финансиската полиција за истрагата на оваа валута е доволна причина да запрете какво било работење во оваа валута.

Што е криптовалута?

Накратко, дигитални пари. За најраспространетиот вид на криптовалута, биткоин, важи[. . .]